Ракометарите на Охрид на гостувањето кај Борец во Велес ја забележаа четвртата победа сезонава, а трета надвор од своето тло во Супер лигата.
Триумфот во шестата рунда ги зацврсти „гладијаторите“ на местата кои водат во плејофот и досегашните настапи ветуваат многу сезонава.
Резултатска кулмунација охриѓани ги очекува викендов што доаѓа кога пред своите гледачи ќе го пречекаат составот на Прилеп во дербито на колото.
Резултати : Прилеп – Работнички 24-26, Борец – Охрид 21-25, Металург 2 – Радовиш 31-33, Пролет – Вардар 25-29, Металург – Пелистер.
Табела : Работнички 15, Металург 12 (-1), Прилеп 12, Охрид 12, Пролет 9, Вардар 9, Радовиш 6, Борец 6, Пелистер 3, Металург 2 0.
Двојки (7.коло) : Металург – Борец, Радовиш – Пелистер, Охрид – Прилеп, Работнички – Пролет, Вардар – Металург 2.
Мх.П.