На Охрид му е потребен Дом за стари лица. Ова е заедничка констатација на локалната самоуправа, здружението на пензионерите и на граѓаните. Првите ја ветија, вторите ја поскауваат, а третите ја сметаат за неопходна релизацијата на ваквата идеја.

Тоа го потврдуваат и резултатите од анкетата што ја спроведе нашиот интернет портал. На прашањето: „ Дали во Охрид треба да се изгради Дом за стари лица“, 62% од читателите одговориле дека тоа е неопходно, а само 5% дека Охрид нема потреба од таков објект. Седумнаесет проценти од читателите сметаат дека не треба да се гради нов објект, туку да се адаптира некој од постоечките, додека 16% ја одобруваат изградбата на Дом за стари лица само доколку тој биде од социјален карактер. Во анкетата беа вклучени 835 читатели.

Неодамна градоначалникот Александар Петрески најави дека отпочнал разговори за реализација на неговото предизборно ветуување. Според Деталниот урбанистички план домот за стари лица е сместен во населбата Далјан, а за негова изградба се разговарало со градските власти на Цирих и меѓународни фондации. Идејата ја поздрави здружението на пензионерите од Охрид, од каде очекуваат конечно таа да биде реализирана.

Ohridnews