Роберт Бигало, американски хотелиер и бизнисмен, ќе стане првиот сопственик на приватна вселенска станица во сончевиот систем. За потребите на овој мегаломан таа ќе биде изградена од компанијата „Бигало Аероспејс“. Хотелиерот планира да наплаќа за 30 дена во вселената по 25 милиони долари од лице.
Изградбата на станицата ќе започне 2016 година. Во објектот ќе има место за 36 лица, што е шест пати повеќе од вкупниот број луѓе кои моментално живеат на меѓународната вселенска станица. Станицата ќе изгледа како голема бела лубеница, а нејзиниот модел веќе се наоѓа во фабрика во близината на Лас Вегас.