Собранието вчера ги донесе измените во законот за работни односи. Долната граница на годишниот одмор и натаму изнесува 20 работни дена, а во законот се предвидува можност годишниот одмор да се зголеми до 26 работни дена.

Со новиот закон се дефинираат помините “ноќна работа”; “работно време” и се утврдува периодот во кој работникот е на располагање на работодавачот за извршување на работните задачи. Според Министерството за труд и социјална политика  со тоа се прецизира дека неделно работникот работно може да буиде ангажиран 40 часа. Исто така дозволеното времетраење на прекувремената работа во текот на една недела се скратува од 10 на осум часа.

Измените во законот за работни односи наидоа на жестоки критики од опозициските партии и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Ohridnews