Центар за култура „Григор Прличев“

Од 20.02.2021 - 19:00 до 20.02.2021 - 20:15

Најновото стендап шоу на Никола Тодороски „Рециклирани конфети“, во сабота, 20 февруари, ќе биде изведено на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Публиката ја очекува час и петнаесет минути интензивна стендап комедија со еден од најдобрите македонски стендап комичари, а како загревање ќе настапат Никола Сиљаноски и Илија Богданоски.

„Рециклирани конфети“ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу. Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. – порачуваат организаторите.

Билети можат да се обезбедат само со резервација на: 075 283 066, по цена од 200 денари.

Влез на публика од 18:30 часот, почеток 19.00 часот!

!! НАПОМЕНА !! Задолжително носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала.

OhridNews