На големо задоволство на публиката, најново стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски, “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, во превод “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“, оваа сабота повторно пред охридската публика.

Шоуто ќе се одржи на 2-ри март, на култната керал сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот.

Цена на билетот е 200 ден. Резервации можат да се извршат на бројот 075 283 066.

Пеколно стендап шоу кое гарантира болка во стомачните. 75 минути ултра интензивно смеење до болка. Ова не е за пропуштање! – порачува извонредниот стендап комичар Никола Тодороски.

OhridNews