Годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ организирана од институциите чиј патрон е познатиот поет и преродбеник Григор Прличев и координирана од Општина Охрид помина во знакот на три промоции на книги.

Од денеска на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги зајмите и следниве наслови „Прличеви беседи ( 1952 – 2022) хроника на еден културен настан од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска, „Охридски раскажувачи“ приредена од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и најновата наградена поема „Цветко“ од поетот Трајче Кацаров, информираат од Библиотеката.

Трите изданија се издадени со финансиска помош на Министерството за култура и Општина Охрид.

Од Библиотеката потсетуваат дека пултот за зајмување за читателите е отворен од понеделник до петок  од 8.30 до 18.30 часот. Годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.

OhridNews