Најновата палета бои, специјални премази и технологија за бојадисување дрво, екстериери и ентериери, од реномираниот италијански производител „Renner“ вчера беа презентирани во Охрид.
На презентацијата присуствуваа претставници на специјализирани компании за бојадисување и фирми за надворешно и внатрешно уредување од регионот, кои имаа можност да се запознаат со боите и премазите од последната генерација изработени според најнова технологија и европски стандарди од италијанскиот производител „Renner“
На настанот беа презентирани нови техники за бојадисување на екстериери и ентериери од дрво, како и огноотпорни и специјални бои за болници, училишта, угостителство….
Застапник на производите на „Renner“ за овој дел од Балканот е бугарската компанија „Анн2“, а генерален дилер за регионот е охридската компанија „Профи колор“ – специјализирана за бојадисување на мебел, медијапан и други производи од дрво, како и друг вид на површини. „Профи колор“ наскоро ќе започне со бојадисување и на кожа, певеце површини и сунѓер со специјални бои и технологија која до сега не е применета кај нас.
Специјализираната компанија за бојадисување „Профи колор“ работи во некогашната фабрика „Илинден“ на ул. „Кленоец“ 2В.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ