Од британската пејачка Адел се очекува дека нема да објави нов албум неколку години, предвидуваат од нејзината дискографска куќа. Пејачката сеуште не започнала да работи на наредниот албум кој би следел по нејзиниот албум „21“, кој бил продаден во неколку милиони примероци, и за жал нема да се врати во студио наскоро. Дискографската куќа ‘XL recordings’ во 2011 година имала профит од 41,7 милиони фунти поради неверојатниот успех на албумот „21“.
Претставник на дискографската куќа рекол дека нејзиниот следен албум можеби ќе пристигне за неколку години, и не е можно да се предвиди слична заработка. Адел албумот „21“ го продала во 24 милиони копии од кога излегов во јануари 2011 година. Популарната пејачка неодамна ја испеала насловната нумера за филмот ‘Skyfall’ за агентот 007, која е официјална тема на филмот кој ќе можеме да го гледаме од 1 ноември.