Ракометниот натпревар помеѓу големите езерски ривали Охрид и Струга, во рамки на 16 коло од Супер лигата, кое на распоредот е денеска со почеток во 19 часот во салата “Билјанини Извори” во Охрид, сепак ќе се игра без публика, соопшти ГРК Охрид.

Длабоко им се извинуваме на навивачите и на сите љубители на ракометот, но согласно дополнителните превентивни мерки на Владата за заштита од корона вирусот и препораките да нема масовни собирања до 13 март, клубот по дополнителни консултации донесе одлука Езерското дерби да се игра без публика, затоа што заштитата на здравјето на луѓето е врвен приоритет. – информира ГРК Охрид.

Во првиот дел од сезоната Охрид на гости убедливо ја совлада Струга со 28:10.

Г.М.