Во светот на шоубизнисот одекнала веста дека убавата Никол Шерцингер ја прекинала петгодишната врска со Луис Хамилтон. Прв пат се појавила во јавноста по раскинувањето, и во кратка сукњичка била вистинска убавица. Таа пристигнала во Лондон, каде ја очекуваат обврски околу пејачкото шоу „Икс Фактор“, во кое е член на жирито. Пејачката постојано се смеела, а со својот стајлинг ги воодушевила присутните.
Деколтето и било сокриено со розе кошула, а долгите нозе во прв план ги истакнала со шарена мини сукња. Високите потпетици дале секси зачин на целата комбинација. Во изминативе неколку дена Никол и нејзиното поранешно момче Луис Хамилтон ги полнеа страните во пишаните медиуми. Поради пренатрупаните распореди и големиот број работни обврски, парот прекинал да се гледа по пет години врска.