Гибсон, кучето кое во 2004 година ја понесе титулата највисок на светот остана без предната десна нога. Кучето високо 105 сантиметри добило рак на коските па ветеринарите морале да реагираат за да му го спасат животот.
Наредните неколку седмици ќе оди на хемотерапија. Болеста ја откриле во раната фаза и му дале 95% шанси дека ќе преживее. Неговата сопственичка изјави дека тој е прекрасно куче и дека губитокот на ногата нема да го уназади.