Граѓаните на Куилпеа, Чиле, одлучиле да им помогнат на илјадниците напуштени кучиња кои шетале по нивните улици. Се организирале и создале специјална програма кој на четириножните пријатели им дал нова шанса, преку можноста да и се приклучат на локалната полиција. Сега тие не се осамени и вршат важна должност помагајќи им на човечките колеги да го одржуваат јавниот ред и мир во градот. За тоа добиваат храна и дом.
-После специјалниот тренинг, поранешните напуштени бездомни кучиња се враќаат на улиците, но овојпат како професионални борци против криминалот и чувари на граѓаните“. – изјавил тамошниот градоначалник Кристијан Витори.
Од овој пример можеби некаква поука ќе извлечат и нашите власти кои со години го игнорираат проблемот со бездомните кучиња.
OhridNews