Илјадници луѓе вчера присуствуваа на музички фестивал во Вухан, кинескиот град за кој се верува дека е регистриран првиот случај на коронавирусот.

На висока температура на првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и воодушевуваа викаа додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената, јавија локалните медиуми.

Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе.

Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, јавија медиумите.

На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.

„Строубери Мјузик фестивал“ се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.

OhridNews