Фронтменот и вокал на рок групата „The Backdoor Band“ Жарко Јакимоски е првиот гостин во емисијата „На муабет“ – дел од новиот концепт на OhridNews.

Со Жаре муабетевме за неговите почетоци и како влегол во музичките води. Како што ни раскажа ни самиот не бил свесен дека поседува талент за пеење. Разговаравме и за искуството како е да се биде предгрупа на еден од најлегендарните рокери на поранешните jугословенски простори, Бора Чорба.

Тоа беше прекрасно искуство, и од организациски аспект и од аспект на настапот. Публиката беше на едно друго ниво можеби затоа што беше прв концерт од кога почна пандемијата, сите беа гладни за концерт. Добивме позитивни критики од Бора. –  вели Јакимоски.

Жарко вели дека Охрид од секогаш бил со најдобра музичка сцена, но во лето има разни понуди и се сретнуваат и квалитет и неквалитет. Сепак, на луѓето им недостига забава – додава тој.

Луѓето се гладни за забава, ја живееме досега можеби најдобрата сезона во Охрид, во смисла на настапи. – вели вокалот на Backdoor Band.

Инаку, бендот ќе бидат дел од „Аларм фест“ кој ќе се одржи викендов на градскиот стадион „Билјанини извори“ каде ќе се претстават со авторска музика и ветуваат многу забава.

Целиот разговор во продолжение:

Емисијата „На муабет“ ќе отвори медиумски простор за сите оние кои ја креираат и шират уметноста.

Кристина Алексиеска