Русинот со скршено срце, Андреј Иванов, кој планирал де се фрли од мостот на реката Уфа, се заљубил во Марија Петрова, која сакала да скокне на истото место во реката Белаја. Иванов ја загубил свршеницата во сообраќајна несреќа еден ден пред нивната свадба.


Марија сакала да се убие бидејќи останала бремена. Била само неколку секунди оддалечена од скокот од мостот висок 30 метри. Андреј и викнал да застане и потрчал кон неа. Двајцата плачеле и подоцна разговарале. Си ги спасиле животите еден со друг и наскоро ќе се венчаат.