И се додека европската модна индустрија се држи до визијата за идеални пропорции во врска со женските модели, односно „што послаби тоа подобро“, модната сцена во САД се движи во нов правец, односно креирање мода во однос на пропорциите на реалната жена. Модните брендови редовно излегуваат со линии за „полни“ жени, а plus-size манекенките ги красат насловните на списанијата и се се побарани. Недамна на реномираната модна недела ви САД односно во Њујорк, за прв пат на тој настан по модната листа се прошетаа и полни манекенки.
Брендот за долна облека Chromat се одлучи да ангажира plus-size манекенки за да ја претстави својата линија што во САД предизвика вистинско воодушевување. И не е само Chromat без предрасуди и ограничувања. Zana Bayne исто така ангажираше ваков вид манекенки кои се појавија на нивната ревија. Plus-size манекенката Denise Bidot исто така по ревијата изјави дека поединци зад сцената биле навистина изненадени. „Имаше шминкери кои мислеа дека сме залутале на модната недела, меѓутоа сите жени се убави и не треба да се делат. Не постои погрешен начин за да бидете жена и време е на модните писти сите видови жени да бидат подеднакво застапени“ изјавија таа.