Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.51 %. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности 3.43 %, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.19 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.71 %.

Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.35 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 853, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

OhridNews