Во период од 5 до 11 декември, Центарот за јавно здравје Охрид извршил 219 тестирање за присусутво на Ковид 19 на лица во општините: Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, а дополнително извршени се и тестирања во приватни лаборатории.

Од вкупно тестираните во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 427 лица и тоа кај 229 лица од општина Охрид, кај 146 лица од општина Струга и кај 52 лица од општина Дебар. Оздравени се 221 лице од Охрид, 176 од Струга и 26 лица од Дебар.  Починати се 8 лица од Охрид, 12 лица од општина Струга и 1 лице од Дебар.  Активни случаи во Охрид се 576, во Струга 462, а во Дебар 157, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 11 декември, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 4270 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1986 лица во општина Охрид и Дебрца, 1741 лица во општина Струга и Вевчани и 543 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
Оздравени пациенти од Охрид се 1399, од Струга 1216, а од Дебар и Центар Жупа 370 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 66 починати пациенти, од општина Струга се починати 109, а од Дебар и Центар Жупа се починати 22 лица.

OhridNews