Полициските службеници во изминатово деноноќие на територијата Охрид, Струга, Кичево и Дебар констатираше 85 прекршоци за неносење на лична заштита на лице, инфомираат од СВР Охрид.

Најмногу регистрирани случаи за прекршување на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19 во Охрид (40), потоа следуваат  Дебар 18 Струга со 17, и Кичево 10.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 31 контроли врз угостителски и други објекти.

OhridNews