Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Најмногу казни биле напишани во Охрид-37, во Струга-10, Кичево-33, а во Дебар-09).

На прекршителите им се издадениплатни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

OhridNews