Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Истовремено во нашата земја биле произведени 4,1 илјада тони кафе, покажуваат податоците на Евростат, објавени по повод Меѓународниот ден на кафето 1 Октомври.
Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.
Според податоците на Евростат, во регионот најмногу кафе е произведено во Србија – 20,4 илјади тони кафе, потоа Грција – 14,6 илјади тони, Босна и Херцеговина – 11,6 илјади тони, Храватска – 10,7 илјади тони, потоа Северна Македонија – 4,1 илјада тони, Бугарија – 1,4 илјади тони и Црна Гора – 1,05 илјади тони кафе.
Најголем производител на пржено кафе во ЕУ е Италија со 616 илјада тони или 32 проценти од вкупното прозиводство на ниво на цела ЕУ, по што следат Германија со 571 илјади или 30 отсто, Франција 149 илјади или 8 проценти.Околу 38 проценти од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19 проценти, Белгија – 11 проценти, Шпанија – 9 проценти и Франција – 7 проценти.
OhridNews