Во текот на ноќта најмногу дожд наврнал во Охрид, 15 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура достигна 6 степени Целзиусови. Дожд врне во најголем дел од земјата, а во делови формирана е снежна покривка. Од градовите најмногу снег има во Битола, 10 сантиметри.

Според прогнозата, во текот на денот под влијание на влажна воздушна маса врнежите ќе се интензивираат.

OhridNews