Пеперутки, пчели, бубамари, цвеќиња- денес повторно го исполнаа градскиот плоштад каде децата од охридските градинки го славеа доаѓањето на пролетта.
Изведоја музичко- ритмички точки и покажаа што научиле во текот на годината за ова годишно време.
Традиционално, секоја година најмладите охриѓанчиња со пригодна програма го прославуваат доаѓањето на пролетта облечени во пролетни украси.
OhridNews