Со измените на законот за изградба на автопатот Охрид – Кичево се создаде можност за афалтирање во зимски услови на автопатот Охрид – Кичево што беше промовирано денеска при посетата на трасата на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков и пратеници од Охрид. Тие извршија увид во градежните работи кои, како што беше истакнато, максимално се забрзани.
Околу 300 машини и околу 600 вработени секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат, истакна министерот за транспорт Николоски.
Тој најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека, како и дека во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекува дека на пролет ќе биде избран изведувач. Таа делница ќе се спои со автопатот Гостивар – Букојчани кој веќе е отпочнат да се гради.
Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините на потегот од Кичево до Врбјани и на завршување на експропријацијата, со што непречено ќе може да се реализираат предвидените градежни активности на автопатот Охрид – Кичево кој започна да се гради во 2014 година.
OhridNews
Фото: Министерство за транспорт и врски