Македонската фудбалска репрезентацијата одигра полувреме за паметење на “Хемпден Парк“ против селекцијата на Шкотска. Ќе беше уште подобро ако потесната одбрана интервенираше правилно во 41-та минута кога Милер го изедначи резултатот.


Поучена од грешките на “Максимир“, репрезентативците на Македонија тргнаа без никаков респект кон противникот. Шансите се редеа пред голот на Мекгрегор. Прво се закани Тричковски, потоа Ибраими но не ја погодоција целта. По двојната комбинација на Тричковски и Демири првиот одлично го проигра Новески кој рутински топката ја трасираше во мрежата.

Македонија лесно можеше да го дуплира водството ако Ибраими биеше попрецизно по додавањето на капитенот Пандев. Потоа се случи 41-та минута кога од една безопасна ситуација двајца фудбалери на “келтите“ излегоа сами пред Богатинов, напаѓачот Милер немаше тешка задача да ја врати Шкотска во живот.

Мх.П.