Утрово во Охрид измерени се 3 степени Целзиуови. Најстудено било на Попова Шапка и во Лазарополе каде утрово се измерени -2 степени.
Во изминатите 24 часа до 07 часот наврнат талог од 4 литри на метар квадратен има во Скопје-Петровец, додека во Охрид наврнале 3 литри на метар квадрате.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Максималната температура во Охрид ќе достигне 13 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Г.М.