Еден брачен пар од Шведска и нивното бебе доживелае неверојатна авантура, соочувајќи се со шест природни катастрофи за време на своето четиримесечно патување, од кои се извлекле неповредени и успеале да се вратат дома. Тие тргнале од Стокхолм на 6 декември на четиримесечно свадбено патување.
Авантурата започнала кога останале заглавени во Минхен во едно од најголемите снежни невремиња кои ја зафатиле Европа. Кога конечно се извлекле и стигнале во Австралија, поточно во Кернс, се соочиле со циклонот кој пустошел се пред себе. Потоа во Бризбејн имале проблеми со поплавите, додека во Перт едвај успелае да ги избегнат големите шумски пожари. Нивна последна дестинација бил Токио, каде за среќа преживеале катастрофалниот земјотрес кој на 11 март ја погоди Јапонија и предизвика огромно цунами.