Штом со новопечениот сопруг се вратила од меден месец, една жителка на Италија наместо да ужива во магијата на штотуку започнатиот брак, поднела барање за развод. Причина за тоа бил фактот што сопругот на меден месец ја понел и својата мајка. Медиумите ширум Европа ја пренесуваат приказната на огорчената италијанка.


Во многуте детали се наведува и тоа дека невестата пред самиот лет за Париз од аеродромот во Рим, открила дека со неа на меден месец ќе патува и свекрвата. На нејзино чудење сопругот и рекол дека не може мајка си да ја остави сама. Адвокатот на невестата пренел дека разочараната сопруга, по враќањето од медениот месец се вратила во Неапол, каде ќе продолжи да живее со своите родители. Како причина за разводот ја навела преголемата емотивна врска помеѓу сопругот и неговата мајка.