Натали Екерт, актерка и манекенка од Лондон, одлучила да истрча маратон во чевли со потпетици од 12,5 сантиметри. Оваа мајка на пет деца сака да стане првата личност на светот која ќе истрча маратон во вртоглаво високи потпетици, а своите способности и спремност ќе ги испроба следната година на познатиот Лондонски маратон. Екерт со својот чин сака да собере 5000 фунти за две хуманиарни организации на кои парите ќе им бидат уплатени доколку успешно го заврши маратонот. Да потсетиме, станува збор за патека долга 42,2 километри.
Оваа 37-годишна жена од Лондон била инспирирана од приказната за Јулија Плечер, германка која влегла во Гинисовата книга на рекорди откако за трка на 100 метри и биле потребни 14,5 секунди, многу малку ако се земе во предвид дека трачала во своите позлатени стилето чевли со вртоглаво висока потпетица. Екерт досега никогаш во животот не трчала маратон.