Во Битола синоќа свечено беше отворено 30-то јубилејно издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. На отворањето меѓу седумтесетината гости од странство беше и шпанската актерка Викторија Абрил, која е добитник на наградата „Специјална златна камера 300“. Награда и  се доделува за особен придонес во светската филмска уметност.

На годинашново издание на фестивалот ќе бидат прикажани 70 филмови. Меѓу учесниците во натпреварувачкиот дел е и  младиот охридски режисер, Илија Пиперкоски. Тој ќе биде дел од програмата на “Манаки Скрипт корнер”.

Пиперкоски ќе се претстави со филмот “Крв и Мед”, а во конкуренција уште се и филмовите: “Жртва” од Огнен Георгиевски, “Утре пристига денес” – Минг Ланг Чен, “Халоха” – Бактијар Кудоџназаров и Цунвас Арваду,  и “Летна тајна” на Ричард Боерингер и Бете Стауфенбиен.

Манаки Скрипт Корнер е новина на Фестивалот “Браќа Манаки” и има за цел  да промовира, помогне и школува млади филмски автори.

Ohridnews