Најмалку пет лица загинаа, седуммина се повредени во денешните руски бомбашки напади врз центарот на Харков, во североисточниот дел на Украина, соопштија градоначалникот и регионалниот гувернер.
Руските окупатори ја бомбардираа централната област на Харков, наведе гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов подоцна соопшти за петмина загинати и седуммина повредени.
Официјални лица апелираа жителите да останат во засолништа.
OhridNews
Фото: Миа