Најмалку 34 лица се убиени во престрелка во североисточниот дел на Тајланд, изјави портпарол на полицијата. Пукањето се случило во детски центар во провинцијата Нонг Буа Лампу. Меѓу жртвите има и деца и возрасни.
Напаѓачот ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата. Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца
Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.
OhridNews