Најмалку 28 лица загинаа по вчерашната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција. Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале 110 лица, од кои 49 во подлабоките делови на рудникот, каде опасноста е поголема. Спасени се 58 рудари, а се прават напори за спасување на уште 15.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави дека загинале 28 работници. „Бројот на загинати поради експлозијата во Бартин достигна 28. Се прави се што е потребно за нашите 11 пациенти, 6 во Истанбул и 5 во Бартин“, напиша тој на Твитер.

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез рече дека тимовите се обиделе да го намалат ефектот од пожарот што избувна во галеријата по експлозијата во рудникот.

epaselect epa10244235 Paramedics and mine workers carry a wounded mine worker to an ambulance at the explosion site after an explosion occurred at a coal mine in Bartin, Turkey, 14 October 2022. Turkish Health Ministry Fahrettin Koca said there are two dead and 20 wounded so far. Bartin Governor Nurtac Arslan said that 49 workers were underground shortly after the explosion. EPA-EFE/DEPO PHOTOS

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно соопшти дека се спасени 58 работници, а се уште се прават напори за спасување на 15 рудари.

Министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез рече дека тимовите се обиделе да го намалат ефектот од пожарот што избувна во галеријата по експлозијата во рудникот. – Во делот каде се уште е активен пожарот се наоѓаат 10-11 работници. Оценуваме дека 4-5 работници се во просторот каде што се наоѓаат вдлабнатините.

Донмез рече дека првичните наоди покажуваат дека експлозијата била предизвикана од запаллив гас

.Десетици рудари се заробени под земја од вчера околу 18:15 часот по локално време, со речиси 150 персонал ангажиран во операциите за пребарување и спасување.

По трагедијата, синоќа се огласи и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој изрази сочуство до семејствата на жртвите и посака побрзо опоравување на повредените.

Сите наши институции педантно продолжуваат со работата за сите прашања поврзани со експлозијата, особено за потрагата и спасувањето што започна набргу по инцидентот. Тројца наши министри се префрлени во регионот по наша наредба да ја вршат и надгледуваат работата на самото место. Ја откажав и мојата програма за Дијарбекир утре и се надевам дека ќе одам во Амасра. Ќе ја координирам целата работа на самото место, потенцира Ердоган.

Сите наши медицински тимови и болници во регионот се мобилизирани за нашите ранети браќа. Покрај постоечките капацитети, нашето Министерство за здравство формираше и единица за итни случаи во регионот. Нашите авионски амбулантни летала се подготвени да ги пренесат нашите повредени. Во врска со експлозијата, започна неопходната истрага, ангажирани се тројца обвинители. Истрагата продолжува во сите свои димензии.

OhridNews
Извор: Миа