Најмалку 141 лице загина во уривањето на висечки мост во индиската сојузна држава Гуџарат, јави агенцијата Анадолија.

Локалната телевизија NDTV објави дека досега се спасени 177 лица кои паднале во реката, а бројката на загинати е зголемена на 141. Меѓу загинатите има и деца. Во тек се операции за спасување.

Индиски официјални претставници соопштија дека урнатиот мост бил со капацитет од 125 лица, а се урнал поради преоптовареност.

Мостот долг 230 метри, изграден за време на британското владеење во 19 век, минатата недела бил отворен за употреба по шестмесечна санација.

Индиските опозициски партии тврдат дека на мостот не се спроведени потребните технички контроли и оти не се извршени дополнителни тестови во врска со оптоварувањето, информира Анадолија.

Многу лица по повод Дивали, Праникот на светлината, го посетија местото Морби, каде се наоѓал мостот.

Официјални лица вчера информираа дека во моментот на несреќата, на мостот се наоѓале најмалку 500 лица.

OhridNews