Македонската јуниорска репрезентација стигна до втората победа на Мундијалот.

Во Гевгелија избраничките на Новко Георгиевски беа посупешни од своите врснички од Казакстан совладувајќи ги со 27-26 (12-13).

Направивме многу технички грешки. Ја надминавме психолошката бариера и на крајот издржавме . Сега не очекува меч со Исланд кој мора да го добиеме за да бидеме први во групата- рече селекторот Герогиевски на прес конферецијата по завршувањето на мечот.

Денес е слободен ден на Мундијалот, додека утре Македонија игра против Исланд.

М.П.