На Македонија и требаат нов профил на правници кои покрај националното право, ќе го познаваат и правото на Европската унија – ЕУ, но и на секоја членка поединечно.
Ова беше речено на Регионалната средба за постипломски студии по европско право на Правните факултети од Југоисточна Европа -ЈЕИ, што започна денеска во Охрид.
Организатори на средбата се факултетот за правни науки „Јустинијан Први“ од Скопје и Отворениот регионален фонд на германската влада за реформи на правниот систем при ГТЗ .
Средбата во Охрид е прв состанок на Отворениот регионален фонд на кој ќе се разговара за воведување на регионални студии по европско право на 12 државни факултети во земјите од ЈЕИ.
На неа учествуваат претставници на сите високообразовни институции вклучени во проектот кои на средбата во Охрид се очекува да потпишат Меморандум со кој ќе бидат договорени сите детали околу воведувањето на регионалните постипломски студии по европско право, ни изјави д-р Томас Маер од ГТЗ.
За таа цел предвидено е со спонзорство на владата на Германија да бидат ангажирани локални, регионални и меѓународни професори кои ќе предаваат по иста наставна програма на сите 12 факултети во регионот, додаде Маер.
Иницијатори на оваа компонента се скопскиот правен факултет и факултетот од Крагуевац.
„Ќе работиме на заеднички проект за регионални постипломскимн студии по европскио право низ кој ќе продефилираат најмалку 500 млади студенти едуцирани според нормативите и стандардите на Болоњскиот процец и европските стандарди “, иатакна деканот на Правниот факултет од Скопје, проф. д-р Гале Галев. Тој изрази надеж дека и студентите и професорите, но и институциите иницијативата ќе ја прифатат како еден голем предизвик и дека проектот успешно ќе биде реализиран.
Г. Момироски