Прашањето за изградбата на железничката пруга Скопје-Софија, на која се чека 15 години, повторно се актуелизира. Министрите за транспорт на Македонија и Бугарија, Миле Јанакиески и Петар Муфтанчиев денеска во Охрид потпишаа заедничка декларација за забрзана реализација на проектот за железничко поврзување со намерс конечно од декларативнио заложби да се прејде на конкретна реализација.


Нов договор стара идеа

За таа цел идниот месец во Софија ќе се одржи презентација на проектот пред членовите на Европската комисија, на чија подготовка  изминава година работеа четири мешовити работни групи. Се очекува до крајот на годината да биде изготвена комплетнната техничка документација, а наредната година да биде закружена и финансиската конструкција на проектот, кој како што најави македонскиот министер за транспорт Јанакиевски, ќе отпочне да се реализира до крајот на мандатот на оваа влада.

Македонија треба да изгради 85 километри пруга од Скопје до границата со Бугарија, додека Бугарија треба да заврши само 6 киломертри. Бугарскиот министер за транспорт Муфтанчиев најави дека неговата земја е подготвена уште веднаш да одвои 10 милиони евра од буџетот за завршување на оваа делница, додека на Македонија и се потрбни 220 милиони евра.


потребни се 220 милиони евра за реализација на проектот

Железничкото поврзување на Македонија со Бугарија започна пред 15 години, но десега е изграден само мал дел од трасата , а од буџетот постојано се издвојуваат средства за  одржување на изградената  инфраструктура.

Железничкото поврзување на Скопје со Софија  е дел од коридорот 8 кој поминува низ Бугарија, Македонија и Албанија и треба да ја поврзе Европа со Кафказ. Покрај изградба на инфраструктурата Македонија како што најави Јанакиевски ќе го зголеми   средствата за осовременување на железничкиот сообраќај  од 2,5 на 10 милиони евра. Тој информираше дека се преговара со националните железници за отплата на долговитер ЈП Македонски железници и дека наскоро ќе биде решено и тоа прашање.

Покрај пругата кон  Бугарија на Македонија и претсои и изградба на пругата кон Албанија која треба да минува кај граничниот премин Ќафасан, а што исто така се потребни дополнителни 200 милиони евра.

Г. Момироски