Мајли Сајрус, актерката и пејачка која има 19 години, од порталот Sex.com добила вистинска непристојна понуда, односно за милион долари да сними порно филм. Откако го виделе нејзиниот спот за песната “Decisions” во кој Мајли се бакнува со вереникот Лијам Хемсворт, водечките лица на порталот преку мејл и ја испратиле понудата.
Тие, имено, и предложиле да сними римејк на својот спот, со тоа што нејзиното момче ќе биде заменето со порно актерот Џеси Ендрјуз. Мајли би добила висока парична накнада за оваа улога и самата би можела да одлучи до која мера филмот би бил експлицитен.