Огромниот стаорец со големина на шестмесечно бебе бил откриен на југот на Мадагаскар. Бил пронајден во природниот резерват Мандена. Досега најголемиот примерок на овој вид стаорци бил тежок 1,5 килограми.


Според некои податоци, популацијата на овие необични стаорци била своевремено откриена во близина на градот Амбатондразака, но биле многу помали од овој рекордер. Стручњаците се обидуваат да откријат од каде се појавил. Некои претпоставуваат дека побегнал од некоја лабораторија, каде бил хранет со посебна храна.