Заљубен германски банкар испланирал киднапирање на својата сакана со надеж дека така ќе ја освои, а завршил со обвинение и сега му се заканува казна затвор.
Очајниот 36 годишен Том Милер провалил во станот на својата колешка во која бил лудо заљубен. Со маска на главата и лажен акцент за да не го препознае, ја врзал и ја киднапирал.
„Јас сум водач на банда, а ти си киднапирана“ – рекол тој.
За да е поуверлив, заљубениот банкар зборувал на англиски. После грабежот отишол надвор, ја тргнал маската и побрзал да ја спаси девојката, уверувајќи ја дека ја избркал бандата.
Меѓутоа полицијата во неговата јакна ја пронашла торбата и сатот од девојката и сега го чека обвинение за неовластено влегување во приватен имот, грабеж и киднапирање.