Адам Хинтон, 32-годишен љубовник од Брајтон, не смее повеќе да има секс во станот на својата партнерка Кери Норис. Тие двајца изминатите две години им го загорчуваале животот на соседите со прегласниот секс. Освен што Кери е многу бучна, креветот удира во ѕид.
Собранието на Брајтон донело забрана против Адам откако им се заканувал на соседите чии жалби довеле до судски мерки против Кери. Судот на Кери и Адам им забранил да бидат гласни. Минатата недела е казнет поради кршење на таа одредба. Кери можно е да остане и без дом, а Адам повеќе не смее да пријде поблиску од 100 метри до нејзината соба.