Жител на Франција бил единствениот кој ги погодил сите седум броја кои биле извлечено на европската лотарија, а сега има 60 дена да го прикаже добитното ливче и да си ја подигне наградата со износ од 47.570.390 евра.

Лотаријата “Евро Милиони”, на секое извлекување во вторник и петок има најмалку 20 милиони потенцијални добитници од девет европски земји.
Рекордот на европската лотарија го држи еден пар од источна Англија кој на 10ти Август оваа година освои сума од 190 милиони евра, додека рекордната добивка во Франција е доделена на 13ти Септември 2011 и изнесува 162 милиони.