Еден жител на Њу Џерси ќе добие 338 милиони долари, откако тој бил единствен со добитната комбинација во Пауербол лотото, каде во последниве неколку месеци немало победничко ливче. Името на добитникот и продажното место не биле точно соопштени, а се очекува на среќниот добитник откако ќе плати данок да му останат 221 милион долари.
Покрај него, едно ливче со пет од шест точни броеви било продадено во Ајова, и неговиот сопстеник ќе заработи два милиони долари, додела 13 добитници ќе добијат по милион долари. Најголемата премија на лото во САД досега била извлечена во март минатата година, кога три играчи поделиле 656 милиони долари. Пауербол се игра во 42 сојузни држави, како и во Вашингтон, а шансите да се погодат пет главни и еден помошен број изнесуваат еден спрема 175 милиони.