Актуелниот англиски шампион Манчестер сити го декласираше попладнево Арсенал со 5-0 (3-0) во рамки на првиот натпревар од 3. коло во Премиер лигата.

Стрелци за Сити беа Гундоган (7 минута), Торес (12, 84), Жезус (43) и Родри (53).

Арсенал, кој дербито во Манчестерго играше 55 минути со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џака, го претрпе третиот пораз во новата сезона што за лондонскиот премиерлигаш е најлош старт од 1954 година.

Арсенал е последно пласиран на табелата со гол-разлика 0-9.

OhridNews