Линдзи Лохан (24) сигурно ќе профитира поради својот 13-дневен престој во затворската ќелија. За првото интервју по излегување од затворот, на актерката и е понудена сума од 750 000 евра.


Уредникот на ‘Inferna’, Мајкл Вајлдер вели дека Лохан, која моментално се наоѓа во клиника за одвикнување од зависности, се чувствува добро и е многу оптимистична.
– Таа се надева дека ќе излезе надвор и дека ќе продолжи со својот живот и работа – вели Мајкл.