По повод празникот Свети Никола летен, во црквата „Свети Никола Болнички“, во стариот дел на градот, на 22 мај, среда, ќе се служи богослужба со почеток во 7:30 часот.

Црквата Св. Никола Болнички. Фото: Охридњуз

Православната црква на 22 мај го одбележува денот кога биле пренесени моштите на Св. Никола во Бари. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител било пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случило пред налетот на исламот на Ликија.

Иако со споредна улога во верскиот живот на градот, болничките цркви, Св. Никола и Св. Богородица, привлекуваат внимание со нивната повеќевековна историја, а се истакнуваат со архитектонска посебност и други уметнички вредности. Затоа се заштитени со закон како споменици на културата.

Црквата „Свети Никола Болнички“ изградена е и живописана во 1313 година од непознат зограф.

Г.М.

Фото: Охридњуз