Дваесетитригодишната ќерка на сопственикот на формула 1, Петра Еклестон, минатата година во Лос Анџелес го купила имотот “The Minor” на покојниот продуцент Арон Спелинг. Го платила десетина милиони долари. Куќата била уредувана од дизајнерот за ентериер Гавин Бродин и 500 работници цели девет седмици.

Куќата од 5200 метри квадратни има 14 спални соби, базен, солариум, куглана, модерно уреден кафе бар и кино. Предворјето било направено од црно-бел мермер, бидејќи Петра не сакала дречливи бои. Рекла дека големите куќи во САД изгледале како музеи. Оваа и се допаднала бидејќи делувала топло, а и токму така ја уредила.