Гејл Поснер, милионерка од Флорида, на своите кучиња им ја оставила куќата вредна 8,3 милиони долари, како и три милиони долари во готовина. На својот син му оставила околу 900 илјади долари. Таа била ќерка на финансискиот магнат Виктор Поснер, а починала на 67 години. Сепак нејзините кучиња ќе продолжат да живеат многу раскошно.


Доколку синот успее да го собори тестаментот пред суд, чивавата Кончита, како и двете кучиња по име Ејприл Марија и Луција би можеле да останат без ништо. Синот тврдел дека тестаментот е плод на завера на луѓето кои работеле за неговата мајка, кои ја дрогирале со лекови и ја наговориле да го остави богатството на кучињата за да можат полесно да го контролираат.