На куба моментално живеат 1541 особа кои се постари од сто години, што е за 53 повеќе од пред две години. Според официјалните податоци, има по еден жител над сто години на секои 7296 жители. На оваа тема ќе се расправа и на овогодишниот меѓународен конгрес за долговечноста во Хавана.


Претседателот на клубот на луѓе постари од 120 години, професор Еугенио Селман Хусеин Абдо, во својата книга ги опишува шесте основни фактори за долговечноста. Тоа се мотивацијата од најрана доба, умерена исхрана богата со овошје и зеленчук, одржување на здравјето со акцент на превенцијата, физичка активност од најмалку половина час, културата како духовно збогатување и здравата животна средина.